Артикли

По објавувањето на фејсбук статус во кој Џеват Исени – претседател на Одборот на Директори на АДСДП, наведе невистини и тенденциозни обвинувања на сметка на мојата чест и углед, барам негово извинување и јавно повлекување на текстот и видеото. Статусот кој беше пренесен од неколку медиуми има единствена цел мое дискредитирање во вршењето функција Генерален директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката.                                                                                                             

Од господинот Исени барам јавно да го објави извинувањето и да ги повлече текстот и видеото. Во спротивно, ќе бидам принуден против него да поведам граѓанска постапка за утврдување на одговорност за клевета, согласно одредбите на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.

 

 Генерален директор

 М-р Кристијан Трајковски

АДСДП континуирано излегува во пресрет на сите кои имаат заостанат долг по три основи: Закупнина на деловен простор, станарина и ануитети од кредитни партии за продадени комерцијални станови. На сите овие лица Друштвото им овозможува отплата на долгот на рати. Бројот на одобрени рати зависи од износот на долгот.

Нашите служби се отворени за соработка и на сите лица кои досега не ја искористиле оваа можност нудиме решавање на статусот, можност за спогодба, продолжување на договорот, како и инфрмации за висината на долгот. Сите информации можете да ги добиете во просториите на АДСДП или на следните телефони: 02 2633 888; 02 633 927; 02 633 895.

 

Детално се исчистени сите осумнаесет нивоа на катната гаража Разловечко востание. Со максимална ангажираност на 20 – ина лица и употреба на специјални машини исчистени се лифтовите, епоксидниот под, тоалетите, скалишниот простор како и сијаличните места. Исфрлени се големи количества смет и отпадоци меѓу кои најмногу имаше лименки од разни пијалоци, скршени шишиња и отпушоци од цигари.

Ваквата акција е реализирана според редовниот годишен план на одржувањекој предвидува во наредниот период детално чистење и на нашите останати гаражи. АДСДП секогаш излегува во пресрет на потребите на корисниците на нашите катни гаражи. Сите забелешки и предлози во однос на хигиената можат да се пријават на телефонските броеви кои се истакнати на нашата интернет страница.

 

АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката обезбеди 4 нови пумпи за притисок на вода во зградата за социјално ранливи категории граѓани лоцирана во населеното место Јурија – општина Ѓорче Петров. На овој начин се излезе во пресрет на станарите во вкупно 102 стана, но особено на оние од погорните катови кои поради претходно регистриран дефект на пумпите немаа вода, а во потполност се задоволуваат и сите безбедносни регулативи во случај на пожар. Вкупната вредност на пумпите од кои 2 се хидрантни а 2 санитарни изнесува 820.000 денари . Сите ги исполнуваат највисоките технички стандарди.

Набавката и инсталирањето на овие пумпи е само уште една потврда на континуираните заложби на Друштвото за навремено и целосно тековно и инвестиционо одржување на станбениот и деловниот простор со кој стопанисува. АДСДП редовно ги одржува станбените згради за социјално ранливите категории на граѓани ( деца без родители, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, самохрани родители со малолетни деца, слепи лица корисници на социјална помош и припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени) како и општествените станови. Ова подразбира редовно сервисирање на сите тековни обврски : Хигиена, сијалични места, лифтови и тн. ,   но и инвестиционо одржување во рамките на кое влегуваат сите поголеми зафати како на пример покрив, фасада, водоводна инсталација и др. АДСДП исто така тековно и инвестиционо ги одржува и трите катни гаражи, подземниот паркинг и Националната арена Тоше Проески.

 

На ден 25.04.2019 година се одржа 5 тиот редовен состанок во просториите на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката помеѓу Генералниот директор заедно со помошниците директори и раководителите на подружниците.

На состанокот беа разгледани повеќе прашања и предлози во насока на подобрување на работењето на друштвото во целина како и на подобрување на работењето на секоја подружница одделно.

На состанокот се разговараше за социјалната политика преку изградба на социјалните згради кои се планираат оваа година да отпочнат со изградба.