Покани и известувања

АДСДП:Постапката за избор на фирма за тековно и инвестивионо одржување е согласно Законот за јавни набавки

 

Во врска со реакциите во јавоста во однос на изборот на фирмата Атриум, АДСДП посочува дека целата постапка беше реализирана транспарентно и согласно законот за јавни набавки.Според критерумите во тендерската документација и огласот за јавна набавка понуди поднесоа 4 економски оператори. На евалуацијата спроведена од страна на комисијата за јавни набавки беше утврдено дека прифатливи понуди имаат двајца понудувачи кои беаа поканети да учествуваат на електронската аукција. Другите двајца понудувачи имаа неприфатливи понуди, односно не ги исполнуваа условите од отворениот повик.Уште еднаш посочуваме дека со оглед на тоа дека критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниска цена, по спроведената електронска аукција најниската понудена цена беше од фирмата Атриум.

Во однос на Вашето прашање за легалноста на наддавањето со оглед на називот на една од двете фирми која учествуваше на електонската аукција, посочуваме дека во моментот на отворање на јавното отворање електронскиот систем за јавни набавки самиот ги генерира податоците од добиените понуди и називите на понудувачите .Оттука, ги отфрламе како крајно тенденциозни шпекулациите за евентуално нелегално постапување.

 

Потписот на помошникот Директор на секторот за правни и општи работи   се однесува единствено на суштинските елементи и квалитетот на самиот Договор,согласно Законот за облигациони односи и внатрешните акти на Друштвото. Останатите потписи кои стојат на Документот се од лица задолжени за следење на на реализација на другите фази на истиот.

 

Фотографијата која беше објавена во одредени медиуми селективно и парцијално дава погрешна слика и забуна кај јавноста од причина што таа е дел од договорот кој претставува следна фаза по завршување на јавната набавка и и нема влијание врз одлуката за избор бидејќи системот за електронска аукција по автоматизам го исфрла најдобриот понудувач.