Покани и известувања

АДСДП е добитник на две награди за претприемништво во земјите од Централна и Југоисточна Европа

АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката Скопје ги доби наградите ’’Придонес за развојот на претприемништвото’’ и ’’Развој на идеи, иновации и инвестиции’’ во конкуренција на повеќе од 300 компании во земјите од Централна и Југоисточна Европа. Наградата се доделува во рамки на проектот „Создавачи за векови’’ и 6. Регионален самит на претприемачи „300 најдобри’’

Одлуката за лауреатите за 2018 година ја донесе независен меѓународен комитет составен од 13 експерти за економија, маркетинг, трговија, менаџмент и финансии од 8 држави од регионот.Меѓу досегашните добитници на оваа награда се некои од најголемите и најпочитувани претприемачи од БиХ, Црна Гора, Хрватска, Италија, Македонија, Германија, Словенија и Србија.