Покани и известувања

Обезбедени пумпи за притисок на вода во зграда за социјално ранливи групи

 

АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката обезбеди 4 нови пумпи за притисок на вода во зградата за социјално ранливи категории граѓани лоцирана во населеното место Јурија – општина Ѓорче Петров. На овој начин се излезе во пресрет на станарите во вкупно 102 стана, но особено на оние од погорните катови кои поради претходно регистриран дефект на пумпите немаа вода, а во потполност се задоволуваат и сите безбедносни регулативи во случај на пожар. Вкупната вредност на пумпите од кои 2 се хидрантни а 2 санитарни изнесува 820.000 денари . Сите ги исполнуваат највисоките технички стандарди.

Набавката и инсталирањето на овие пумпи е само уште една потврда на континуираните заложби на Друштвото за навремено и целосно тековно и инвестиционо одржување на станбениот и деловниот простор со кој стопанисува. АДСДП редовно ги одржува станбените згради за социјално ранливите категории на граѓани ( деца без родители, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, самохрани родители со малолетни деца, слепи лица корисници на социјална помош и припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени) како и општествените станови. Ова подразбира редовно сервисирање на сите тековни обврски : Хигиена, сијалични места, лифтови и тн. ,   но и инвестиционо одржување во рамките на кое влегуваат сите поголеми зафати како на пример покрив, фасада, водоводна инсталација и др. АДСДП исто така тековно и инвестиционо ги одржува и трите катни гаражи, подземниот паркинг и Националната арена Тоше Проески.