Покани и известувања

Инзвонредна фудбалска атмосфера на Националната арена „ Тоше Проески’’

Националната арена „Тоше Проески’’   беше целосно подготвена за натпреварот меѓу македонската репрезентација и репрезентацијата на Полска , а со подеднакво високи професионални стандарди ќе биде пречекана и Австрија.Двата натпревари се во рамките на европските   кфалификации  за пласман на  ЕП  2020. Теренот за кој континуирано се грижи стручна служба е во одлична состојба, а задоволени се и сите  услови кои беа побарани од страна на  УЕФА  .Националната арена „Тоше Проески’’ е категоризиран како објект од четврта категорија, односно претставува еден од најелитните стадиони во регионот. На неговиот терен играа некои од најголемите  светски  фудбалски екипи, а во 2017 беше одржан СуперКуп  во фудбал помеѓу победниците во Лига на Шампиони и Лига Европа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, кога Арената беше исполнета до последното место