Покани и известувања

Националната арена „Тоше Проески’’ одекнуваше од хитовите на Здравко Чолиќ

 

Со концертот на мега популарниот Здравко Чолиќ, Националната арена „Тоше Проески’’ ја продолжи серијата на врвни музички настапи од кои последниот беше на светската ѕвезда Стинг. Стадионот го исполнија повеќе од 30.000 посетители кои уживаа во спектаклот на музичката легенда која последен пат го наполни стадионот пред 10 години. Самиот Чолиќ на средба со новинарите изјави дека за него е голем предизвик да настапува на Националната арена „Тоше Проески’’. „ Навистина е голема возбуда да се биде на еден вака убав објект каде се чувствува посебна енергија ’’, рече Чолиќ. Менаџментот на АДСДП целосно одговори на барањата на организаторот во однос на задоволување на светските стандарди, а концертот уште покажа дека овој објект има неограничени можности за организирање настапи од различен карактер.