Покани и известувања

АДСДП продолжува со градежната активност

АДСДП доби одобрение за градба на станбен објект на ул. Гаврил Костантиновиќ бб – Реонски Центар Аеродром. Одобрението бр. 1 20 – 144 од 8.05. 2019 кое е правосилно на ден 24.05. 2109  издадено е од Општина Аеродром и е согласно важечките прописи на постоечкиот Детален урбанистички план ( донесен јуни 2009 год. со тех. Бр. 1474/06) . Овој објект ќе биде дел од низата околни објекти кои се претходно изградени од наша страна, а согласно сите законски прописи кои произлегуваат од Законот за градење.

Зградата ќе има 55 стана со површини од 37 м2 до 120 м2.Покрај сите заинтересирани граѓани, за становите можат да аплицираат и млади брачни парови и тоа преку проектот купи куќа- купи стан.