Огласи во тек

Оглас за доделување на договор за јавна набавка број 1-4/2017(17.03.2017)

Детали за набавката

Предмет на договорот за јавна набавка:

Ревизија на проектна документација за сите фази за објектот Катна гаража ГП 1.2 (Центар за култура Григор Прличев) во Охрид.

Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:

Ревизијата треба да се изврши на проектна документација што ќе се изработи за Катна гаража ГП 1.2 (Центар за култура Григор Прличев) во Охрид, максимална површина за градење 4.200,0м2 и ориентациона нето корисна продажна површина од 3.500,0 м2. Набавката опфаќа ревизија на комплетната проектна документација за сите фази за објектот Катна гаража ГП 1.2 (Центар за култура Григор Прличев) во Охрид - и тоа - ревизија на проекти за дислокациј а на постоечки подземни инсталации, ревизија на проект за подготвителни работи, основен проект со сите фази потребни за изградба на објектот, вклучувајќи го и предмерот како составен дел на проектната документација со посебен акцент на сеопфатноста на описите на позициите и точноста на количините и др. Извештај од ревизијата со евентуални забелешки на проектната документација по кои треба да постапи Проектантот, преку Нарачателот се доставува до проектантската куќа, а конечниот извештај за извршената ревизија со позитивен заклучок, се доставува во архивата на Нарачателот, во четири примероци и во електронска форма. Покрај изготвување на Конечниот извештај кој ќе ги содржи поединечните извештаи од сите фази од проектната документација, Извршителот на услугата за ревизија на проектната документација, треба целата ревидирана проектна документација да ја завери на начин согласно важечките законски прописи. Поединечните извештаи за извршени ревизии, треба да бидат содржани во основните проекти, соодветно за секоја фаза.

Адреса и Локација