Покани и известувања

АДСДП: Новата социјална зграда во Струмица е само уште една во низата следни проекти на ваков тип објекти

Ве покануваме на прес конференција 23.01.2015 во 10:30 часот на тема „Закон за изменување и дополнување на Законот за домување“

Кликнете врз сликите за да ја погледнете галеријата

Директорот на АД а изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски денеска извршија увид во завршената станбена зграда за социјално ранливи категории на граѓани во Струмица.

Директорот на АДСДП Кристијан Трајковски изјави дека зградата има вкупна површина од 1800 метри квадратни со 41 стан и ги задоволува сите енергетски стандарди . „Ги превземавме сите потребни чекори што побрзо да се изврши техничкиот прием на објектот, за истиот да може да биде доделен од страна на надлежните министерства’’, посочи Трајковски.

Министерот Сугарески најави дека во текот на следната недела Министерството за транспорт и врски ќе распише јавен повик за распределба на 37 станови , а 4 стана се доделени на Министерството за труд и социјална политика кои ќе бидат поделени на најранливите категории граѓани.Согласно критериумите, на јавниот повик ќе можат да се јават само социјално загрозени лица и тоа: Деца без родители, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, самохрани родители со малолетни лица, слепи лица корисници на социјална помош и припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени.

Директорот на АДСДП, Кристијан Трајковски најави дека се во тек повеќе проекти од овој тип. „Очекуваме во многу скоро време да биде ставена во употреба и зградата во Гостивар, а исто така имаме започнато и со постапка за избор на Изведувач на зграда со 312 стана во општина Бутел. Очекуваме на почетокот на фебруари договорот да биде потпишан и да започне изградбата. Паралелно работиме на подготовка за проектирање на вакви згради на 5 локации низ Македонија, а во постапка за избор на изведувач се и проектите за изградба на социјани станови во Пробиштип и Неготино’’- изјави Трајковски.

 

 

Оглас за вработување 22.01.2019

Оглас за вработување објaвен во дневните весници Слободен печат и Коха на ден 22.01.2019.......овде

АДСДП:Постапката за избор на фирма за тековно и инвестивионо одржување е согласно Законот за јавни набавки

 

Во врска со реакциите во јавоста во однос на изборот на фирмата Атриум, АДСДП посочува дека целата постапка беше реализирана транспарентно и согласно законот за јавни набавки.Според критерумите во тендерската документација и огласот за јавна набавка понуди поднесоа 4 економски оператори. На евалуацијата спроведена од страна на комисијата за јавни набавки беше утврдено дека прифатливи понуди имаат двајца понудувачи кои беаа поканети да учествуваат на електронската аукција. Другите двајца понудувачи имаа неприфатливи понуди, односно не ги исполнуваа условите од отворениот повик.Уште еднаш посочуваме дека со оглед на тоа дека критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниска цена, по спроведената електронска аукција најниската понудена цена беше од фирмата Атриум.

Во однос на Вашето прашање за легалноста на наддавањето со оглед на називот на една од двете фирми која учествуваше на електонската аукција, посочуваме дека во моментот на отворање на јавното отворање електронскиот систем за јавни набавки самиот ги генерира податоците од добиените понуди и називите на понудувачите .Оттука, ги отфрламе како крајно тенденциозни шпекулациите за евентуално нелегално постапување.

 

Потписот на помошникот Директор на секторот за правни и општи работи   се однесува единствено на суштинските елементи и квалитетот на самиот Договор,согласно Законот за облигациони односи и внатрешните акти на Друштвото. Останатите потписи кои стојат на Документот се од лица задолжени за следење на на реализација на другите фази на истиот.

 

Фотографијата која беше објавена во одредени медиуми селективно и парцијално дава погрешна слика и забуна кај јавноста од причина што таа е дел од договорот кој претставува следна фаза по завршување на јавната набавка и и нема влијание врз одлуката за избор бидејќи системот за електронска аукција по автоматизам го исфрла најдобриот понудувач.

Паркингот спроти „Holiday Inn” престанува со работа

Одборот на Директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката на ден 28.11.2018 ( среда ) одржа состанок на кој беше одлучено паркингот Центар кај хотелот Holiday Inn да престане со работа. Основната причина е новонастаната состојба поради која нашето АД е оневозможено да стопанисува со паркингот. Како што АДСДП веќе ја информира јавноста, најголем дел од просторот на паркингот кај хотелот Holiday Inn е вратен на повеќе сопственици, меѓу кои е и Македонската православна црква. Дел од нив, меѓу кои и МПЦ , истите ги отуѓија на приватен инвеститор   обезбедувајќи повеќе од 30 % од вкупната површина што според Законот за градба е основа за дооформување на целокупната урбанистичка парцела

Сите лица кои за користење на услугите на паркингот кај Holliday Inn имаат извадено месечни или годишни карти , истите ќе можат да ги пренаменат за трите катни гаражи на АДСДП кои се исто така лоцирани во центарот на Скопје ( “Солунски Конгерс“, “Разловечко Востание“ и “Кресненско Востание“). При тоа, граѓаните треба да го запазат рокот на нивното издавање, односно тој не смее да биде истечен. Вадењето на овие карти ќе биде на трошок на АДСДП.

ПОВИК

Согласно член 89-а од Законот за трансформација на претпријатија со општествен капитал, Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје води евиденција на објектите кои не се опфатени во постапката за трансформација и приватизација на претпријатијата со општествен капитал, на територија на Република Македонија и поранешните југословенски републики.

Согласно наведеното ги повикуваме сите физички и правни лица кои имаат сознанија за непријавен имот во процесот на трансформација и приватизација на претпријатијата со општествен капитал, да се обратат во просториите на Акционерското Друштво на ул.,,Орце Николов,, бр.138 или на меил адресата на Секторот за деловни средства по основ на трансформација Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , со цел укажување на постоење на непријавен имот во процесот на трансформација и приватизација на претпријатијата со општествен капитал.