Стручни тимови извршија темелна и комплетна дезинфекција на административниот објект на Подружницата Охрид и нејзината работна единица во Струга, како и на Подружницата Кочани.
Дезинфицирани беа и социјалните згради во Охрид, Македонска Каменица и Берово.
Во изминатите денови вакви акции беа реализирани во Скопје, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Штип, Пробиштип, Тетово, Гостивар, Кичево, Велес, и Македонски брод.
Станува збор за третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините.
Во социјалните згради, административните објекти на подружниците и просториите на работните единици дезинфицирани се влезовите на објектите, лифтовите, скалишниот простор и подрумите.
Постапката ќе биде повторена уште неколку пати, и е во насока на сузбивање и намалување на можноста на проширување на вирусот КОВИД – 19. Распоредот за следната недела предвидува дезинфекција на административните згради на Подружницата Битола со работната единица Ресен и социјалните згради во Битола, Ресен и Демир Хисар.
Орце Николов 138, Центар – Скопје
02/2 633 800
adsdp@adsdp.mk
За државата. За граѓаните. За иднината.
- Политика на приватност
- Политика за системот за заштита на лични податоци
- Политика за користење на колачиња







