Напредуваат градежните активности на социјалната зграда во Неготино. Во тек е изведба на градежно занатски работи и се работи на изведба на потпорни ѕидови од партерното уредување. На Ламела 1 бетонирана е прва армирана бетонска плоча, а на Ламела 2 се шалува платформа на кат 1. Објектот е од особено значење за социјално ранливите категории граѓани во овој град, бидејќи е прв со ваква намена. Покрив на глава ќе добијат вкупно 62 семејства, а посебно внимание се обрнува на инвалидизираните лица за кои во приземјето се предвидени 4 прилагодливи станови, соодветен пристап пред влезовите (армирано- бетонски рампи), како и посебни паркинг места.
Зградата е составен дел од проектот Ф/П 1674 чија цел е обезбедување дом за лица во социјален ризик и други ранливи групи.
Со подеднакво интензивна динамика се одвиваат и градежните работи на социјалните згради во Свети Николе, во скопската општина Бутел, во Пробиштип, и во Виница
📍
Локација:
Орце Николов 138, Центар – Скопје
Орце Николов 138, Центар – Скопје
🕒
Работно време: Пон–Пет 08:00–16:00
📞
Телефон:
02/2 633 800
02/2 633 800
✉️
Е-пошта:
adsdp@adsdp.mk
adsdp@adsdp.mk
За државата. За граѓаните. За иднината.
- Политика на приватност
- Политика за системот за заштита на лични податоци
- Политика за користење на колачиња
© 2026 АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје •



