ЈАВЕН ПОВИК за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на електронски отпад
20/04/2026| Архива на останати огласи| АДИССДП
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и
со деловен простор од значење за Републиката-Скопје, јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад.
Предмет на јавниот повик се компјутерска и друга електронска опрема која е дотраена, неупотреблива и технолошки застарена, и истата ќе се презема како една целина од страна на избраното правно лице.
Избраното правно лице има обврска да ги преземе, транспортира и соодветно да ги третира отпадните материјали согласно законските прописи.
Право на учество имаат сите заинтересирани правни лица регистрирани за вршење на соодветна дејност и кои поседуваат важечки дозволи за управување со отпад.
Критериум за избор е преземање на опремата во најкраток можен рок, без надомест.
Краен рок за доставување на пријави е 30.04.2026 година до 15:30 часот.
За подетални информации за јавниот повик, преземете го интегралниот текст на објавата.
Во прилог на објавата се достапни потребните документи, односно Пријава за учество, Изјави за исполнување на условите, како и Листа на електронска опрема кои се предмет на јавниот повик, со цел заинтересираните правни лица да имаат целосен увид и да можат навремено и комплетно да ја подготват својата документација.
Орце Николов 138, Центар – Скопје
02/2 633 800
adsdp@adsdp.mk
За државата. За граѓаните. За иднината.
- Политика на приватност
- Политика за системот за заштита на лични податоци
- Политика за користење на колачиња
