ЈАВЕН ПОВИК бр. 3/2026-Т за деловен простор во Република Србија
04/06/2026| Огласи во тек за деловен простор, Огласи за деловен простор| АДИССДП
И З В Е С Т У В А Њ Е
Се известуваат сите заинтересирани правни и физички лица (домашни и странски), дека Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на понуди за издавање на деловен простор под закуп бр.3/2026-Т за деловен простор во Република Србија
Предмет на јавниот повик се следните објекти:
- НИШ (Приземје): ул. „Трг Павле Стојковиќ“ бр. 5. Објект 1, влез 5, дел 2 запишан во ИЛ 5087, КП 3887, КО Ниш-Бубањ.
- НИШ (Подрум и Галерија): ул. „Трг Павле Стојковиќ“ бр. 5. Објект 1, влез 5, дел 2, Подрум и Галерија на Кат 1, запишан во ИЛ 5087, КП 3887, КО Ниш-Бубањ.
Јавниот повик е заснован на Одлуките бр. 16-1666/4 и 16-1666/5 донесени на 18.02.2026 година од страна на Комисијата на Владата на Р.С. Македонија за приватизација.
Јавниот повик за прибирање на понуди за издавање на деловен простор под закуп ќе биде објавен на web страната на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје: www.adsdp.com.mk на ден 04.06.2026 година, и ќе трае 10 дена, заклучно со 13.06.2026 година.
Подетални информации можат да се добијат во Дирекцијата на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републиката- Скопје на ул.,,Орце Николов,, бр.138 Скопје и на тел. +389 2 633 800, +389 2 633 907.
Powered By EmbedPress
Орце Николов 138, Центар – Скопје
02/2 633 800
adsdp@adsdp.mk
За државата. За граѓаните. За иднината.
- Политика на приватност
- Политика за системот за заштита на лични податоци
- Политика за користење на колачиња

