Во врска со Објава бр. 01/2026 за издавање под закуп на деловен простор по пат на електронско јавно наддавање во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Велес, Куманово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Кочани и Штип, објавена на ден 15.01.2026 година во дневните весници Нова Македонија, Слободен печат и Коха, како и на интернет-страницата на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката – Скопје (www.adsdp.mk)

Ве известуваме дека електронското јавно наддавање, закажано за 03.02.2026 година, се одложува поради технички проблеми во електронскиот систем за јавно наддавање.

По надминување на настанатите пречки во функционирањето на системот, понудувачите кои веќе аплицирале ќе бидат дополнително информирани за новиот термин на одржување на електронското јавно наддавање, преку интернет-страницата на Друштвото и на електронската  пошта наведена во пријавите за учество во електронското јавно наддавање.

Close Search Window