Во насока на унапредување на координацијата и успешноста во работењето, се одржа работна средба на раководниот тим на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката- Скопје,  во поширок состав, со учество на претставници од сите подружници на Друштвото. Оваа прва средба од ваков формат беше посветена на осврт на постигнатите резултати, размена на искуства и утврдување на приоритетите за претстојниот период.

Беше истакнато дека Друштвото зад себе има успешна година, која претставува добра основа за продолжување на започнатите активности и постигнување нови резултати.

Во наредниот период, фокусот ќе биде ставен на развојот на градежните активности, стопанисувањето со станбениот и деловниот простор, управувањето со имотот, наплатата на побарувањата, како и навременото преземање правни дејствија и почитувањето на законските рокови за заштита на интересите на Друштвото.

Ваквите средби ќе продолжат да се одржуваат редовно, како можност за размена на информации и искуства, разгледување на тековните предизвици и усогласување на активностите меѓу организациските единици.

Close Search Window
↑