ИЗВЕСТУВАЊЕ
за одржување на електронско јавно наддавање по Објава бр. 01/2026

Ве известуваме дека електронското јавно наддавање по Објава бр. 01/2026 за издавање под закуп на деловен простор по пат на електронско јавно наддавање во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Велес, Куманово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Кочани и Штип ќе се одржи на 12.02.2026 година (четврток), со почеток во 09:00 часот.Електронското јавно наддавање, претходно закажано за 03.02.2026 година, беше одложено поради технички проблеми во електронскиот систем за јавно наддавање, кои во меѓувреме се отстранети.

—————————————————————————————————————

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во врска со Објава бр. 01/2026 за издавање под закуп на деловен простор по пат на електронско јавно наддавање во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Велес, Куманово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Кочани и Штип, објавена на ден 15.01.2026 година во дневните весници Нова Македонија, Слободен печат и Коха, како и на интернет-страницата на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката – Скопје (www.adsdp.mk)

Ве известуваме дека електронското јавно наддавање, закажано за 03.02.2026 година, се одложува поради технички проблеми во електронскиот систем за јавно наддавање.

По надминување на настанатите пречки во функционирањето на системот, понудувачите кои веќе аплицирале ќе бидат дополнително информирани за новиот термин на одржување на електронското јавно наддавање, преку интернет-страницата на Друштвото и на електронската  пошта наведена во пријавите за учество во електронското јавно наддавање.

—————————————————————————————————————

Објава 01/2026 3а издавање на деловен простор под закуп во повеќе градови по пат на електронско јавно наддавање.

Деловниот простор со кој што стопанисува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката,  може да биде издаден под закуп на правни и физички лица (домашни и странски) на неопределено време.

Деловниот простор се издава во видена состојба.

За подетални информации за објавата, преземете го интегралниот текст на објавата.

Пријавата и изјавите потребни за пријавување на електронското јавно наддавање може да ги преземете на следниот линк

Пријавувањето зa учество на јавното наддавање се врши на http://www.deloven-prostor.mk

Објавата трае од 15.01.2026 до 27.01.2026 ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Powered By EmbedPress

Close Search Window